Радев утре ќе го прими мандатарот Габровски за составот на новата бугарска влада

12

 

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, со зборовите „Нека дојде утре“, ги коментираше шансите за создавање влада со мандат на ГЕРБ-СДС.

Според Радев, ГЕРБ-СДС продолжуваат да работат за формирање  нова бугарска влада.

Медиумите во Софија јавуваат дека мандатарот на ГЕРБ Николај Габровски ќе му ја понуди функцијата министер за надворешни работи на Бугарија на Драгомир Заков, кој беше министер за одбрана во владата на поранешниот премиер Кирил Петков, а пред тоа беше амбасадор во НАТО.

Функцијата министер за енергетика најверојатно ќе му се довери на Делјан Добрев, поранешен министер за енергетика во првата влада на Бојко Борисов.

ГЕРБ му даде целосна слобода на Габровски да назначи министри во идната влада, доколку тоа биде одобрено од Народното собрание на Бугарија.

Радев утре ќе го прими Габровски, кој ќе го информира дали може да формира влада. Народното собрание на Бугарија во среда се очекува да гласа за предлог-владата на Габровски, кога ќе се знае дали ќе има парламентарна поддршка.