Раде Шербеџија со бендот „Западни колодвор“ во Филхармонија

5

Раде Шербеџија со бендот „Западни колодвор“ во Филхармонија
Актерот, пејач и поет Раде Шербеџија, кого го нарекуваат најголемиот боем од балканските простори, вечер со проектот „Ti bi htjela pjesmom da ti kažem” ќе гостува во Филхармонијата.

Познатиот југословенски актер со холивудска кариера ќе биде придружен од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб, а покрај овој музичко-сценски проект, како што соопшти организаторот – Авалон-продукција, ќе бидат и антологиските: „Не дај се Инес“, „Мени се душо од тебе не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“…

Како специјални гости на настапот на Шербеџија во Скопје се најавени Ана Стојановска и Гаро и браќата Тавитјан.

Утревечер, пак, Издавачкиот центар Три во присуство на Шербеџија во МКЦ ќе ја промовира неговата книга „По дождот“ која беше објавена во 2018 година.

-Главната тема што се провлекува како нишка низ испреплетените парчиња текст е чувството на вечен егзил, патување во кое не постојат други граници освен реалните, соопшти „Три“