Радовиш домаќин на завршницата на одбојкарскиот куп

9

Осум екипи, по четири во машка и во женска конкуренција, од денес до сабота ќе се надигруваат за пехарот во Купот на Македонија. Завршниот турнир ќе биде одржан во салата „25-ти Мај“  во Радовиш.

Тридневната програма ќе почне со полуфиналните пресметки кај одбојкарите.

Бранителот на ланскиот пехар, тимот на Струмица Никоб, е апсолутен фаворит против Универизтет во Тетово, а ГОК Борец ќе се обиде да ја предизвика Шкендија во дуелот на трето и второпласираната екипа од шампионатот.

Петокот е резервиран за дамите, а во нивното друштво Работнички Скопје ќе сервира со надеж да го повтори минатогодишното остварување од Кавадарци.

Дербито во полуфиналето е меѓу Јанта волеј и Работнички Скопје, а Наковски волеј ја носи фаворитската улога против Вардар жени.

Финалните натпревари се предвидени за в сабота, најпрво машкото во 13, а потоа и женското од 16 часот.