Разрешувањето на Мизрахи на собраниска седница

30

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска закажа седница за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Претходно, нејзино разрешување побара техничкиот премиер Оливер Спасовски, со образложение дека Мизрахи го крши Уставот со тоа што не го почитува уставното име и во јавноста.

Денеска ќе се расправа и за Законот за јавното обвинителство, откако вчерашната седница беше прекината. Во недела во 12.00 часот треба да се гласа за одлуката за распуштање на Собранието.