РАКЕТЕН НАПАД ВО ОДЕСА Во деветкатница загинаа 17 лица, 30 се повредени

0

На Твитер се појавија снимки од Одеса, на кои се гледа како станбена зградa која била погодена од проектил e речиси целосно уништена. Според последните информации од украинските власти, загинале 17 лица, а повеќе од 30 се повредени, пренесува Јутарни.

Еден проектил погодил зграда во градот Билхород-Днистровски, при што загинале 14 лица, 30 се повредени, а предизвикал пожар во продавница до зградата, се наведува во соопштението на украинското Министерство за вонредни ситуации.

Портпаролот на регионалната администрација Серхиј Брачук за украинската државна телевизија изјави дека во тек е спасувачка операција бидејќи некои луѓе се затрупани под урнатините на зградата.

Друг проектил го погоди одморалиштето, рече Брачук, при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, а уште едно беше рането.

Ројтерс не може независно да потврди детали за инцидентите.