Раководството на ВМРО ДПМНЕ го овласти Мицкоски да преговара за влада

16

Раководството на опозициската ВМРО ДПМНЕ го овласти претседателот Христијан Мицкоски да ги продолжи разговорите „во обид да формира ново парламентарно мнозинство“. Според соопштението, Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ на својата прва седница по предвремените парламентарни избори заклучи дека изборите „се одржале во недемократска атмосфера со масовно поткупување на гласачите, спроведено од сегашната влада на СДСМ“. „Во вакви околности, ВМРО ДПМНЕ ја стекна довербата на народот во повеќето општини и во исто време освои поголем број мандати во однос на СДСМ, без коалицискиот партнер Беса“, истакнува највисокото тело на македонската опозициска партија.

Се додава дека на денот на изборите биле забележани „бројни недостатоци“, но дека Државнатаизборна комисија ги отфрли приговорите на ВМРО ДПМНЕ, за што, се посочува, таа партија „ќе поднесе тужба до Управниот суд“. Според конечните неофицијални резултати, СДСМ освои 46 места во парламентот со 120 места, ВМРО ДПМНЕ 44, ДУИ 15, коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива 12, Левица две и Демократската партија на Албанците едно.