Ракометарите ќе играат на Светското првенство во Египет зашто Чешка има премногу играчи заразени со коронавирус

39

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) потврди дека Македонија ќе игра на претстојното Светско првенство во Египет, откако репрезентацијата на Чешка го откажа настапот поради голем број играчи заразени со коронавирус.

Најдобрите македонски ракометари во април без борба беа елиминирани од Мундијалот, откако ИХФ донесе одлука без преседан и ги укина квалификациите поради пандемијата на коронавирусот. ИХФ денеска ја покани Македонија како резерва, откако Чешка објави дека не може да состави тим за настап на првенството.

„Утрово ја изгубивме и последната надеж за настап на првенството откако 13-мина играчи беа позитивни на коронавирус на последното тестирање“, изјави чешкиот селектор Јан Филип, кој и самиот е заразен, исто како и неговиот асистент Кубеш.

Светското првенство почнува утре, а Македонија во првото коло на 14 јануари игра против Шведска. Македонија уште е во група со Египет и Чиле.