Рама: Во политиката сум случајно, отсекогаш сакав да бидам уметник

24

Албанскиот премиер, Еди Рама повтори дека е случајно во политиката и дека отсекогаш сакал да биде уметник.

– Отсекогаш ме исполнуваше животот на уметник, сликар и професор по уметност, толку многу што никогаш немав амбиции да бидам премиер, рекол Рама за француски Форбс, пренесува порталот Егзит.

Тој рекол дека долго се мислел дали да влезе во политиката кога му било понудено министерското место, но дека сакал да направи нешто за својата земја.

– Албанија имаше многу тешко минато, најтешко од сите комунистички земји, па бев нестрплив да учествувам во нејзината обнова, рекол тој и се пожалил дека додека бил градоначалник на Тирана не бил толку критикуван како сега кога е премиерот.