Рама ги размножува Рамушите во Приштина и Албините во Тирана

10

Политиката на Еди Рама, внатре албанската соработка да го остави под рогозина на Балканскиот Мини-Шенген зборува за погрешно проектирање на државните интереси виза ви националните интереси

Емин АЗЕМИ

Додека премиерот Албин Курти зборуваше во Тирана за албанскиот Макро-Шенген, неговиот колега, Еди Рама, рече отворено дека „нема албански Макро-Шенген, без балкански Мини-Шенген“.
„Средбата денеска беше најпрвин за албанскиот Макро-Шенген, отколку за балканскиот Мини-Шенген“, подвлече Курти.

„Јас верувам дека нема албански Макро-Шенген без балкански Мини-Шенген… албанскиот Макро-Шенген е тесно поврзан со регионалниот“, рече Рама.
Првата посета во Тирана на премиерот Албин Курти, беше проследена со судир на ставови, за кои се уште не се знае точно дали ќе остануваат и во иднина како два камења на јаже во вратот на еден економски, културен, трговски се уште не унифицирана унија.

„Сакам да во оваа трета деценија да имаме силен почеток на соработката меѓу Косово и Албанија,како што немаше никогаш меѓу нашите две земји, значи дека тие се взаемен приоритет и не чекаат во ниту една област“, рече премиерот Албин Курти. кој потврди дека на крајот на Март во Скадар се очекува да се одржи следна заедничка седница меѓу владите на двете влади.

На оваа седница, како што е наведено, ќе се разгледуваат над седумдесет договори потпишани досега и ќе се превземаат мерки за надминување на проблемите што го направиле да не се спроведат овие договори.

Посетата на Албин Курти во Тирана ќе биде предмет на коментари и анализи за фактот што двајцата премиери уште на нивната прва официјална средба покажаа нијанси на несогласување што се однесува до прашањата за регионалната соработка.

Од одговорот на Еди Рама останува да се разбере дека тој се уште му останува верен на идејата за Мин-Шенген, но не ние јасно како ќе ја „испегла“ оваа идеја во Приштина, по доаѓањето на Албин Курти на чело на Владата на Република Косово. Како што се чини е, Еди Рама, е тој што ќе влијае во зголемувањето на степенот на хомогеноста меѓу косовските политичари во врска со прашањето на Мини-Шенген. Се уште е рано да се зборува како ќе се одвиваат нештата во оваа насока, но ако Рама инсистира во неговата идеја, регионалната соработка да го направи во потполна синхронизација со Белград, тогаш во Приштина има изгледи да се размножуваат Рамушите, додека во Тирана Албините. Ако досега се потпишани над 70 договори од двете влади, а огромното мнозинство од нив се оставени само на хартија, тогаш на Албанците во регионот никој не им е виновен зошто немаат заеднички список на економски, трговски, културни приоритети, итн.

Политиката на Еди Рама, внатре албанската соработка да го остава под рогозина на балканскиот Мини-Шенген, зборува за погрешно проектирање на државните и националните интереси. Досега имаше можност внатре албанската соработка да се развие во рамките на еден прифатлив европски проект, каде административно-граничните бариери би се надминале без да се прекршат основните принципи на европската интеграција.

Онака како и во минатото и во иднина, Еди Рама, ќе наидува на одбивањето на Приштина, што се однесува до не изучената идеја за балканскиот Мини-Шенген, додека, Албин Курти ќе го има почесто во Тирана. Можноста да се влијае и индиректно, во консолидација на албанската опозиција во Албанија, ова почесто присуство на Курти во Тирана, останува да се види во текот на следните недели и месеци, а во меѓувреме на, Еди Рама, му останува доволно време за да анализира како се мери брзината на патот Тирана – Белград со радарите на Косово.