Рама за првпат проговори: Да, во земјотресот го загуби животот девојката на мојот син

18

Премиерот на Албанија, Еди Рама за првпат во јавноста проговори за смртта на девојката на неговиот син, Кристи Реци, која го загуби животот во силниот земјотрес што ја погоди Албанија.

Тој досега одбиваше да одовори кога беше прашуван за неа, додека еднаш си замина од интервјуто со солзи во очите.

Во интервју за италијанскиот Rai1, со новинарот Бруно Веспа, Рама рече дека е вистина дека во трагедијата што ја зафати Албанија, загина и девојката на неговиот син, Грегор.

– Да, вистина е, но дозволете ми да кажам дека во оваа ситуација, и во оваа голема обврска што ја имам како премиер, не сум сакал да зборувам за ова затоа што не е нешто што се има случено на само на нашето семејство, туку на сите нас. Ова само не поттикна да направиме нешто, затоа што не гледам нешто што би не разликувал од другите – истакна Рама.

Младата 24-годишна Криси неодамна дипломирана на Универзитетот во Тирана.