Рама за преговорите со ЕУ: Со години ја чекаме “невестата” од Брисел, но, таа никогаш не дојде

19

Албанскиот премиер, Еди Рама, кој е во посета на Амстердам во разговор во познатиот центар “Де Бали”(De Balie) зборувал и за ”преговорите со ЕУ и неотворањето на преговорите за Албанија и Северна Македонија”.

На прашањето ” што се случува меѓу Албанија и ЕУ”, тој вели дека Албанците чекале да дојде невестата од Брисел, не една, туку повеќе години, но оти таа никогаш не дошла.

– Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Чекавме да дојде невестата од Брисел, не една, не две , не три, туку повеќе години, но таа никогаш не дојде. Ако дојде да не ожени без музика и веднаш во кревет и да имаме деца, нека дојде. Го кажувам со хумор, но замисли си кога сакаш сериозно да се жениш, а таа никогаш не се појавува, рекол Рама според Ора њуз.

Тој уште со став дека преговорите требало да почнат пред повеќе години, можеби тоа ќе биде следната година, но, додава ” нема да добиеме несоница поради тоа”.

-Не знам, но колку пати има внатрешни проблеми зборуваат за пиштол овде, за мафија таму, за Албанец овде, за некои момци што одгледуваат марихуана во јужниот дел на Албанија или Ротердам. Значи тоа е внатрешен процес на држење подалеку. Нема врска со тоа што го правиме ние, посочил тој.

Според Рама, ЕУ има Европска комисија која ” се плаќа од фондовите на ЕУ, најголемата бирократска машинерија во целиот свет” која ја надгледува 24 часа секоја земја, а потоа изготвува извештаи за земјите кандидати за да ги презентира на земјите членки и подоцна да каже што треба да биде направено.

– Не е Бугарија во прашање, туку ЕУ начинот како функционира, кој е застарен и кој треба да се смени. Една земја која држи во заложништво две други земји е грешка, изјавил Рама.