Рама: Идејата за „Балкански мини-шенген“ е моја, долго го убедував Вучиќ да прифати

63

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска изјави дека тој бил иницијаторот за проектот „Балкански мини-шенген“

Рама исто така кажа дека за оваа работа има многу дебатирано со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Премиерот на Албанија истакна дека слободниот проток на стока, но и на луѓе, подразбира отргнување на бариерите меѓу Албанија и Косово, и додаде дека Косово само се изолира.

Меѓу другото, Рама изјави дела патриот не може да бидеш седејќи дома со пижами.

– Кој е против регионалниот шенген, не ме разбира. Регионалниот шенген е визија и упорност од моја страна, наша страна, уште од првите денови на Берлинскиот процес. До пред некое време беше спречен од страна на Претседателот на Србија со кој сум дебатирал. Не може да направиме регионален договор за трговија ако не направиме договор за слободен проток. Ова го става Косово во поволна позиција. Косово се изолира во своите граници. Можеш да бидеш патриот со пижами и да седиш дома. Историјата не се пишува седејќи дома и да изиграваш патриот со пижами – истакнал Рама.