Рама убедливо победи: Социјалистичката партија освои мнозинство од гласовите на изборите во Албанија

434

Владејачката Социјалистичка партија води по гласањето на парламентарните избори во Албанија на кои освои 46,9 отсто од гласовите, покажа излезната анкета на телевизијата „Топ ченел“.

Излезните анкети покажуваат дека опозициската Демократска партија се наоѓа на второто место со 43,5 отсто од гласовите, додека Социјалистичкото движење за интеграции освои 6,9 отсто.

Во Албанија денеска се одржаа парламентарни избори на кои 3,6 гласачи, вклучувајќи и голем број на иселеници бираа 140 пратеници меѓу кандидатите на 12 политички партии.

Албанците на изборите одлучуваа дали ќе дадат доверба за Еди Рама како премиер повторно или на лидерот на опозицијата Љуљзим Баша.

На изборите во Албанија за прв пат учествуваше и една албанска партија од Косово – движењето „Самоопределување“ на Албин Курти.

Извор: Блиц.рс