Рама: Шаторите стануваат минато – од утре сите сместени во хотели!

9

Шаторите ќе бидат минато, од утре сите сместени во хотели, најави вечерва премиерот Еди Рама во линковско вклучување за Топ Канал, пренесува репортерот на ТВ21 од Туман, Албанија.

Рама им порача на жителите на Туман дека од утре ќе бидат сместени во хотели.

„Им кажав на моите пријатели дека утре ќе одат во хотели што се најдобри во земјата. Оваа приказна за шатори ќе биде затворена утре. Нема да имаме шатори за 2-3 дена“, рече Рама.

Албанскиот премиер беше жесток со новинарите што известуваа за лажни вести.