Рамос израмни голем рекорд на Буфон, па веднаш нападна нов!

20

Серхио Рамос синоќа на мечот на Шпанија против Холандија израмни голем рекорд на легендарниот Џанлуиџи Буфон.

Репрезентативецот на Шпанија го запиша неговиот 176. настап за репрезентацијата, па така го стигна европскиот рекордер по број на настапи за националниот тим.

Рамос за да стигне до светскиот рекорд, кој го има Ахмен Хасан, му требаат уште осум натпревари, па јасно е дека наскоро ќе стигне и до таа бројка, но не е единствен кој го напаѓа тој рекорд.

Ахмен Мубарак има 179 меча за Оман, односно Бадер Ал-Мутава за Кувајт одигра 178 натпревари, па останува да видиме кој ќе го урне и ќе го задржи рекордот.