РАСПАДОТ НА МАКЕДОНИЈА & “BARDOVCI BLUES”

492

Македонија како во филмот ‘‘Лет над кукавичјото гнездо‘‘ со Џек Николсон, си го свирка својот ‘‘Bardovci blues‘‘. Во ритамот на музиката која ја свира Кале, на кое Македонија и е потребна оваква баш каква е! Одамна ке ја оправеа они да сакаа, или да им требаше стабилна држава. Формулата е “Win – Win”. Ем Кале среќно што не контролира, ем Македонија среќна што ја има на картата. Сите ново изградени клучни сообраќајни артерии и коридори се изградија заобиколувајки ја Македонија. Случајно!? Не!

 

Од Агим ЈОНУЗ

Кога зборуваме за распад на една земја, треба да размислуваме трезвено и логички. Како први, една земја никогаш не може да се распадне. Земјата си стои, тука си е,  водата по потоците е истата што течела со векови. Земја не се распаѓа. Се распаѓа систем. Македонија никогаш не може да се распадне затоа што додека Бог одлучил да постои светов, тлото секогаш и секој ке го нарекува Македонија, ама ‘‘апаратот‘‘ наречен Македонија ке биде еден часовник кој стои на креденецот затоа што батериите и цркнале.  Една добронамерна будала ми забележа дека во минатата колумна сум напишал ‘‘Македонија ја создале два искомплексирани народа‘‘. Еве, му се извинувам, не ја создале ни они, туку Тито, и Америте после тоа, секако не како земја, туку како државен апарат, ама во неа секако има два искомплексирани ‘‘ до јаја‘‘ народа! И тука нека заврши тој муабет, зашто колку страни во политиката има во Македонија, толку теории. А, во една држава во која има многу теории, нема бериќет. Се е мудологија за политички потреби и за појачана изборна статистика. Тоа е затоа што цела енергија се троши на бабини муабети а не на конструктивност, која подразбира, ‘‘ а бе остај што и како било, дај да видиме што треба да биде‘‘!И ќе биде! Да, ама најверојатно, ако вака продолжи – распад!

Овака, на овој начин, со оваа консталација на политичари ‘‘кад-тад‘‘! Крај! Моделот и правецот на начин каков што е, немаат одрживост. Не може да ме разубеди никој во спротивното и свесен сум дека после оваа изјава многумина ке сакаат да ме видат на бесилка, ама со начинот на нивниот вид на ‘‘патриотизам‘‘ може само они да се обесат, да не кажам за што.  Секако, може да покуша, ама да не се мучи еве, ќе му речам дека јас секако не го посакувам тој распад. Јас сакам здрава држава. Ама, со овие политичари и оваа политичка сцена, народ вика ‘‘попрво ќе прдне мртовец, отколку здрава држава  да се деси‘‘! Многу жалам и самиот што ова го пишувам, ама нешто ме тера да си останам доследен на својот принцип на пишување колумни ‘‘ што на уму-то на друму‘‘. Па нека цркнам, барем на моите поколенија никој нема да може да им рече ‘‘ а бе татко ти беше лигуш, пишуваше нарачани колумни‘‘.  Ма, ‘‘пуцај, бре мушки‘‘.  Кажи што те мучи, ако веќе имаш привилегија да пишуваш колумни. Какви и да пишуваш колумни, секогаш ке има една бројка што ке ти псуе мајка, додека другата ке ти вика онака нај ‘‘ воајерски‘‘ дека се слага и дека ти имаш муда да го кажеш она што тие го мислат а се плашат да го кажат.

Македонија обсервирана со галактичкиот телескоп на планетава не се ни приметува се додека  некој не покаже со прст каде таа се наоѓа. Со бројност на жители од еднен поголем град во географски рамки, со територија колку што некоја држава сее само пченка, со државна консталација во која не е потребен повеќе од еден ‘‘ менаџер и секретарка‘‘ наместо парламенти, влади, министерства, ‘‘курчеви карики‘‘, таа тврдоглаво и самобендисано  си го плете јажето на која сама ке си се обеси ако вака продолжи. Не и е касно, ама полека станува. Како една млада мома која си се гледа пред огледало додека си се шминка, си потпевнува ама несвесна дека надвор веќе врне дожд и дека ке и ја расипа шминката и ке и ја разбушави косата. Затрчани како руски одред во нападот на Берлин викајки ‘‘урааа‘‘, а несвесни дека во митралезите наместо куршуми имаме ‘‘ќорци‘‘.  Дури и Албанија на која Македонија ‘‘ и бегаше 50 години‘‘ отиде понапред. Пред нас ‘‘ќе се омужи‘‘ гарантирам. Зошто!? Па многу просто. Има кохерентна маса, нема разединетост на национално ниво и нема ‘‘бугари на врат‘‘.  А, и да ги има бугарите на врат, они такви проблеми решаваат многу по машки. Едноставно, им викаат на бугарите ‘‘кој ве ебе бе, немаме што да дискутираме на таа тема‘‘. Ене ви ги Македонците, па заебаајте се со нив до заутре. Башка, направи се што требаше за државата да оди напред, а не поединци, кланови, политички султани и болумента. Дека таму нема криминал, корупција, се што има и кај нас апсолутно е небулозно да се негира, ама има нешто што ние го немаме и никад нема да го имаме очигледно. Тоа е – национално единство на ниво на демос и чувство на државност. Башка ја следеа најголемата мудрост што може една млада држава да ја инсталира како правец на делување, а тоа е следењето на она што некој веќе го инсталирал, а добро функционира.

Американците и таму се во некоај рака ‘‘ прва виолина‘‘, ама за разлика од нас имаат и национална гордост, која ние по се она што ни се испослучува ја имаме само декларативно и во патриотските песни што се пејат на пијано касно навечер по седенки и пијанки. Ова не важи за македонците само. За македонските Албанци истото важи. Она што албанците успеаја да го создадат е една маса која повеќе се секира ‘‘ за бајракот‘‘ освен за полниот фрижидер дома и за социјалата на која и покрај рамковниот договор, не создадоа нахранет и згрижен народ. Во руралните албанско населени места сеуште се вее бајракот, а стомаците се празни, децата, старците и болните незгрижени. Се е само филм во кој едните се само по сити, а другите само по гладни и по гладни. Ниту македонскиот, ниту албанскиот бајрак не донесе по социјална држава, по квалитетен живот и просперитет. Белата чума наречена ‘‘младите бегаат од тука‘‘ царува по тлото без разлика дали авлијата е албанска или каурска. На двете страни плачат мајки чие дете вели ‘‘ одам и збогум‘‘! И сето тоа во името на каузата. Не е само албанската! И македонската. Башка, колку етникуми има, толку некакви каузи.

Нашата стварност наместо живот, стана – кауза. Државата наместо топол дом за сите, стана ‘‘Хотел Македонија‘‘ во кој час има струја, топла вода, интернет, час нема, па гостите цело време се бунат на рецепсија ( Европа). И кога ке ги собереш двете, иди објасни му на онаа будала од почетокот на колумната што ја спомнав, дека не сум во право кога велам дека државата ја изградија два искомплексирани народи ( на локално ниво, респект кон Албанија и Косово). Други држави, друг амбиент.  Додека современиот и напреден свет анализира во лабораториите дали  примероците на земја земени од Марс дозволуваат да се сади таму ‘‘Емиш и Зарзават‘‘ ( овошје и зеленчук/тур), македонците ке шетаат по новиот милениум ‘‘со Гоце на чело‘‘ мавтајки со црешовото топче кон непријателот како Дон Кихот со мечот кон ветерниците, додека Санчо Панса ( читај народот) ќе урла на сет глас ‘‘ тооо мајсторееее‘‘. Удри по ‘‘клетите ветерници‘‘ ( читај што сакаш и толкувај што сакаш)!

Дури и во најмалите игрици на интернет и на телефон има повеќе нивоа на кои стигаш кога одиш напред. Македончето е сеуште и после се, на “Level One”! Ах, да не беа тие ‘‘клети Шиптари‘‘, Македонија ке беше ‘‘ у пичку материну‘‘ пред сите во регионот, а македонскиот пасош ке беше како оној  југословенскиот кој го криевме на времето во гаќи кога одевме во Трст по фармерки за да не ни го украдат. Ех, бре македонче, ни еден споменик на Јосип Броз Тито не му подигна. Во негово време со бугарите си игравте ‘‘курташак‘‘, а за две червени знаевте да се ‘‘омрсите‘‘ ( фигуративно). Додека Југославија се грижеше за функционалноста на социјалната инфраструктура, за вас ‘‘шиптарите служеа за копање бавча и да ви ги исечат дрвата‘‘. Умре тоа време, а вие не научивте сами ни да си ја копате бавчата, ни да си ги сечете сами дрвата. Е, сега, србите викаат ‘‘удри бригу на весеље‘‘, бездруго  Европа поради геополитички интереси на клоци ке не стави во Европа, а ние не мораме да се мачиме да измислуваме топла вода. Судбината одсекогаш ти била и ќе остане синтагмата ‘‘ќути, има и бетер‘‘! Битно кубурата ти е на појас за лоши времиња.

Албанците се приказна за себе. Албанија, Косово и западниот дел од Македонија и покрај тоа што декларативно имаат иста кауза, крв и месо,  имаат три различни амбиента. Во Албанија кого и да прашаш, ке рече ‘‘ДА, ние сме браќа‘‘, ама само толку. Точно го заболе патљакот на еден просечен Албанец во Саранда на плажа дали има леб да јаде некој Албанец во Долно Нерези.  Вистината вели дека никој не сака прв комшија во Тирана да му биде некој косовар или пак некој од околните села во Тетово. Се е декларативно, се е само фарса во која на крај дава резултат дека Албанија и за Косово и за македонските албанци еден ден ке биде “Che bella Italia”! Порано беше далеку затоа што беше ‘‘ептен назад‘‘, а сега се повеќе ќе биде далеку затоа што ке биде премногу  напред‘‘.  Додека кај нас беше законски облигаторно да се има основно образование, во Албанија и покрај тоа што беше ‘‘во мрак‘‘, беше обавезатолно најмалку средно образование и еден странски јазик, најчесто италијанскиот . Каква и да е, така се гради и подига општествена свест. А, на општествена свест со такво ниво на кохерентност, со странски кредити за изградба на држава, успехот му е гарантиран. Македонските Албанци на времето беа нај напред во ‘‘албанскиот регион‘‘. Сега се последни. Можеби за тоа има објаснување некој ‘‘Оџа со брада до пупак‘‘ од Кушкундалево, ‘‘тој се знае‘‘! Но,  таа тема е пре чувствителна за да ја елаборираме сега и тука. Она што е најбитно е да се направи ( а не се направи) разлика помеѓу ‘‘бајракот‘‘ и лебот. Бајракот не се јаде. Лебот се јаде. Девеесет проценти од политичкиот корпус на албанците сеуште ‘‘го играат бајракот‘‘, а лебот – ако даде господ. Арно ама, србите велат ‘‘ док је оваца биче и џемпера‘‘. Се додека функционира формулата со бајракот, минарето и оџата од Кушкундалево, македонските албанци ке си останат тоа што се! Галаксија сама за себе! А, на кое ниво!? Па, заедно со македонското. Се е речено со тоа. Има една латинска изрека ‘‘Similis, simili gaudet‘‘ ( сличниот на сличен му се подсмева)!

Македонија како во филмот ‘‘Лет над кукавичјото гнездо‘‘ со Џек Николсон, си го свирка својот ‘‘Bardovci blues‘‘. Во ритамот на музиката која ја свира Кале, на кое Македонија и е потребна оваква баш каква е! Одамна ке ја оправеа они да сакаа, или да им требаше стабилна држава. Формулата е “Win – Win”. Ем Кале среќно што не контролира, ем Македонија среќна што ја има на картата. Сите ново изградени клучни сообраќајни артерии и коридори се изградија заобиколувајки ја Македонија. Случајно!? Не! Се уште се размислува што ќе се праи со Македонија. Заеби ти приказни Европа-Мевропа. Распад!? Ишала не! Јас не сакам, ама дали геополитиката сака? Таа е ‘‘по курва од локалната политика која ја викаме курва‘‘. Ние, граѓаните на Македонија ке си продолжиме со нашиот “Bardovci Blues” во кој македонците на албанците ке им викаат дека имаат големи уши, а албанците ке им викаат дека имаат голем нос. Ке си уживаме во бедата на дното од културолошкиот, социјалниот, општествениот Армагедон во кој нема страв дека може да престане, затоа што секогаш ке има сити кои ке ги контролираат гладните, бистрите – мутавите, а патриотите предавниците. Секогаш тие ликови ке постојат за потребите на геополитиката која само таа знае кога и на кој начин ке го ‘‘ угаси светлото‘‘ и ке рече ‘‘момци, ајде толку беше‘‘.

Како што стојат работите, таа геополитика уште не држи ‘‘ на кумплунг‘‘. Арно ама, за да не паничиме, ни фрлаат топка да си играме и да се занесеме,.. Евроинтеграции, Отворен Балкан,.. на тетка ти чорапите. Има ли услови да се распадне Македонија? Ама глупаво прашање! Таа е веќе одамно распадната, ама не сме информирани. За сега си го свиркаме својот Бардовци Блуз, и одвреме навреме застануваме да земеме здив и да си ја допиеме ракијата, зашто со нејзе полесно се пее. А песната е проста, многу проста! …. ‘‘Не си го продавај Кољо чифликот, мама не ме дава Кољо за тебе‘‘…. Која гомна од популација сме! За нас само ‘‘ десет удри, едно брои‘‘. Да, заборавив, ‘‘ и три од карти‘‘.

ООО ЏЕМААТ! Срам ми е да ти кажам што мислам. ЖИВЕЈ!… ( бугарски виц)

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)