Распаѓањето на семејството

96

Емин АЗЕМИ

Грда страна на овие институционално не менаџирани проблеми се различните телевизиски емисии, во кои се повикуваат луѓе од исто семејство, взаемно омразени. Јавноста не сакајќи е сведок на кавга која не добива никаков епилог,додека водителите на овие емисии се заинтересирани да имаат што повеќе гледаност

Проблемот на распаѓањето на семејството, како јадро на општеството е глобален феномен. Меѓутоа, овој проблем во нашиот албански контекст добива вознемирувачки димензии кога се има во предвид возбудувањето што го доживеал албанското семејство во периодот на предолгата транзиција. Нема специјализирани анализи, но од едно површно набљудување, особено ако се следат некои телевизиски емисии на Тирана, излегува дека кохезивната моќ на семејството оди во опаѓање, а во меѓувреме, поединецот се обидува да задржува некаква нарушена рамнотежа.

Има со десетици случаи што семејствата се претворени во крвави арени, како последица на многубројните недоразбирања. Семејниот криминал станува се по вознемирувачки, додека жртвите ги плаќаат скапо трошоците за нерешените имотни и правни спорови, но и другите спорови. Правната држава се уште не може да го покрие целиот простор на многубројни проблеми и тоа влијаеше поединците или групите да ги решаваат спорови меѓу себе, спроведувајќи така непишаните закони на џунглата.

Една грда страна на овие институционално нерешени проблеми се и различните телевизиски емисии, во кои се донесуваат луѓе од истото семејство, взаемно омразени (лути). Јавноста, без негова волја станува сведок на тепачка која не добива никаков епилог, додека водителите на овие емисии се заинтересирани да имаат што повеќе гледаност. На тие не им интересира етичкиот аспект на тие што излегуваат и се борат меѓу себе, не им е грижа како брат повраќа против брат, ќерка против мајката, таткото против синот.

Се разбира дека заштитата на семејството од морално и етичко распаѓање не може да се направи со убави предавања на мудри луѓе. Меѓутоа, ако секое од семејствата има недоразбирања и тоа траело со години, тогаш гледаме дека нешто не е во ред со општеството како целина. Секој ги има своите приватни проблеми, но кога тој проблем ги надминува размерите на индивидуална загриженост, тоа потоа нема да се преведува во занемарување на целиот систем кој се занимава со лечење на траумите и проблемите што ги имаат луѓето во семејство. Не, дека во западните земји нема проблеми во семејство, но таму поретко се случува поединците взаемно да ги расчистат сметките. Дури, таму постои и сосема поинаков феномен што се поврзува со семејството. Станува збор за осаменоста која доминира во секојдневниот живот на семејствата, каде децата и родителите се гледаат ретко, затоа таму има поголема љубов кон животните (!)

Распаѓањето на албанското семејство се случува во времето кога сите се занимаваат со работите на некого и никој не се занимава со своите работи, додека државата (правниот и социјалниот систем), најмалку се занимаваат со работите на тие кои имаат потреба. Политиката стана доминантна преокупација на луѓето и се избледува вниманието за „мали“ теми, кои според тежината и важноста учествуваат директно во функционирањето на едно општество.