Расте бројот на заразени политичари со ковид 19, министрите Адеми и Бектеши позитивни

4

Дали предизборните митинзи и партиските прослави на кои што не се почитуваа мерките за заштита од коронавирусот го земаат данокот?

Двајца министри во Владата се позитивни на КОВИД 19. Откако вчера министерот за економија Крешник Бектеши објави дека му е потврден вирусот, денескка на својот Фејсбук профил и неговиот колега, Министерот за образование Арбер Адеми објави дека по неколкуте благи симптоми што ги имал и сомневањата дека можеби е заразен, направил тест, кој покажал дека е позитивен.

Дел од епидемиолозите веќе предупредија дека непочитувањето на мерките за заштита од коронавирусот во предизборието ќе резултира со нов кластер избори.

Во занесот на постизборната еуфорија, дел од партиските славја излегоа од контрола. Ниту маски ниту физичка дистанца не се одржуваше помеѓу членовите и самите партиски претставници.

Селфиња без маски, гушкање, турканици. Се ова можеше да се види на денот на изборите.