Рашковски не се чуствува виновен, Рускоска тврди ќе докаже дека ја злоупотребил функцијата за богатење

1

Денеска во судницата на Кривичниот суд се одржа рочиштетосо воведни излагања на обвинителите и обвинетите во предметот познат во јавноста како „Софтвери“ против поранешниот генерален секретар Драги Рашковски кому му се суди за злоупотреба на службена должност.

Шефицата на јавното обвинителство за организиран криминал и корупција која го води овој случај Вилма Русковска во своето обраќање до судот посочи дека во текот на следните рочишта ќе покаже и докаже како Рашковски го злоупотребил системот. Тој според неа набавил два софтвера, кабини и камери кои нити биле потребни, нити требало да се спроведат. Таа истакна дека Рашковски додека течел процесот на набавка постојано го инфомирал управителот на фирмата „Инвока груп “ Даниел Станчев како и со колкава цена настапи на тендерот.

„ Ќе го увериме судот дека Рашковски како генереланиот секретар на Владата нерационално, неекономично и непродуктивно ги трошел народните пари за набавка на кабини, софтвери и камери кои и по три години од набавката не се користат. Некои од нив не се наоѓаат нити во Владата. Ќе докажеме дека Рашковски ја злоупотребил фунцијата за свои цели“ изјави Рускоска во својот воведен говор.