Рашфорд нема да игра до октомври

29

Удар за Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер нема да може да смета на Маркус Рашфорд во првите месеци од новата сезона, тој мора да оди на операција на рамото.

Напаѓачот кој поради промашениот пенал беше мета на расистички напади во Англија, ќе мора на операција.

Рашфорд повредата ја влече од минатата сезона, беше во составот на Англија и покрај тоа што не беше целосно фит, па не ни одигра многу на првенството.

Паднала одлука да го реши проблемот со операција, велат дека тоа била единствената опција за комплетно да се отстрани повредата.

Поради операцијата Рашфорд нема да може да игра до крајот на октомври, би требало да биде во трка со времето за настап на дербито против Ливерпул кое е закажано на 23 октомври на Олд Трафорд.