Реал е заборавен: Јувентус и Јунајтед ќе разменуваат играчи!?

9

Манчестер Јунајтед е подготвен да испрати понуда до Јувентус за трампа на двајца фудбалери, тврди торинскиот весник Тутоспорт, познат по својата наклонетост кон „бјанконерите“.

Во главна улога се германскиот репрезентативец Емре Џан и фудбалерот на Јунајтед, Пол Погба кој во неделата се врати во тимот по тримесечната пауза. Покрај Џан, Јунајтед ќе побара најмалку уште 60 милиони евра поради разликата во вредноста меѓу двајцата фудбалери.

Емре Џан оваа сезона е резерва во Јувентус и одигра само седум натпревари, сите во Серија А. Во Лигата на шампионите не беше ни регистриран. Ако се согласи на трансфер во Јунајтед, навивачите на Ливерпул ќе го сметаат за предавник бидејќи во еден дел од својата кариера беше член на тимот од Енфилд. Што се однесува до Погба, тој и натаму е желба број 1 на Зинедин Зидан за Реал Мадрид, но ако се врати во Јувентус, тоа ќе биде крај на сите надежи дека некогаш ќе го облече белиот дрес.