Реал е подготвен на се само за да го формира најсилниот тандем во историјата на фудбалот

6

Реал Мадрид планира во летниот преоден рок да го „реновира“ нападот и да ги донесе двајцата најдобри млади напаѓачи на светот, Килијам Мбапе и Ерлинг Халанд.

Мбапе веќе им соопштил на челниците на ПСЖ дека ова лето сака да се пресели во Реал Мадрид, а доколку Борусија Дортмунд даде зелено светло за трансфер на Халанд, во Реал се подготвени да се откажат од најголемите ѕвезди само за да дојдат до двајцата напаѓачи.

Според поранешнот голман на Реал Мадрид, Франциско Бујо, првиот човек на „кралевите“ Флорентино Перез е подготвен да ги продаде дури и Винисиус Жуниор и Еден Азар или да ги вклучи во размена со ПСЖ за Мбапе.

На листата на играчи кои ќе си заминат се наоѓаат и Иско, Мартин Одегард, Едер Милитао како и голем број на играчи кои се наошаат на позајмица. Единствен од помладите играчи кој е сигурен дека нема да биде ставен на трансфер листата е Марко Асенсио кој треба да биде третата ѕвезда на клубот покрај Мбапе и Халанд.

Покрај тоа, сигурни се и голманот Куртоа, Карвахал, Варан, Менди, Крос, Каземиро и Бензема, додека сите останати ќе бидат продадени доколку пристигне примамлива понуда.