Реал Мадрид ги доби резултатите од Ковид тестот, лажна тревога

25

Реал Мадрид за три дена му гостува на Бетис во рамките на шпанската Примера. Како и секогаш, така и сега екипите мора да бидат тестирани, а фудбалер само со негативен тест може да настапи. Реал Мадрид утрово ги добил резултатите од Ковид тестирањето и како што соопштија сите фудбалери и членови на стручниот штаб се негативни.

Претходно медиумите објавија дека по мечот со Реал Сосиедад, позитивен на Ковид 19 бил Мартин Одегард, но сепак според она што го објави Реал Мадрид и тој е негативен па ќе биде во составот за дуелот со Бетис.