РЕБЕКА ПОТВРДИ: Пиромани ни ги запалија колите на мене и на Сузе

34

По веста дека вчера биле запалени автомобилите на пејачките Ребека Јанковска и Сузана Турунџиева, Ребека во изјава за „Слободен печат“ вели дека прво бил запален автомобилот на Сузана, по што пожарот ја зафатил и нејзината кола.

– Сузе го купи автомобилот пред месец дена. Нова кола цела и изгоре. Мојата кола е опожарена до половина. Од полиција ни кажаа дека во последниот период 7-8 автомобили се запалени на паркинзи, дека најверојатно станува збор за пиромани – ни изјави Ребека.

Ова се случило кај Веро во Тафталиџе на паркингот од зградата каде што живеат двете пејачки.