Регистерирани 316 новозаболени од Ковид – 19, починаа 11 пациенти

7

Во последниве 24 часа, по изработени 1562 теста, добиени се 316 позитивни резултати на Ковид-19.

За истиот период оздравени се 681 лице, а починале 11 пациенти позитивни на вирусот.

Денеска здравствените власи објавија дека Комисијата за заштита од заразни болести на утрешната владина седница ќе предложи воведување на полициски час кој ќе трае од 22:00 до 05:00 часот следниот ден.