„Рекет“ одложен, адвокатите на Јанева болни

21

Поради отсуство на одбраната на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се одложи денешното рочиште за случајот „Рекет“. Судијката Васка Николовска-Масевска ги извести присутните дека до судот адвокатот Дељо Кадиев на 15 јануари, а адвокатката Ирена Фрчкоска денес доставиле барање за одложување на рочиштето поради здравствени причини.

Во судница Јанева беше спроведена од куќен притвор, а присутен беше и обвинетиот Бојан Јовановски кој беше донесен од Истражниот затвор во Шутка. На „Рекет“ дојде и обвинителката Лиле Стефанова која требаше да сведочи на денешното рочиште, но поради отсуство на адвокатите на нејзината поранешна колешка Јанева нејзиното сведочење е презакажано за во четврток, 23 јануари.