„Рекет“ се одложува, Катица Јанева била ризична категорија според мерките на Владата на Спасовски

5

На социјалните мрежи се шегуваат дека е неспорно што Катица Јанева е дефинитивно ризична за Владата на Оливер Спасовски и особено ризична за СДСМ и Зоран Заев, па одлагањето на Рекет е разбирливо.

„Рекет“ се одложува, Катица Јанева била ризична категорија според мерките на Владата на Спасовски
Судењето за случајот „Рекет“ се одлага затоа што адвокатите на Катица Јанева го известиле Судот дека користат мерки на Владата кои ги ослободуваат од работни обврски во време на пандемијата на „Ковид 19“. Јанева спаѓала во ризична категорија граѓани.

Денеска треба да сведочат најблиските соработници на Јанева – Фатиме Фетаи, Ленче Ристевска, Гаврил Бубевски и Трајче Пеливанов. Не само Јанева и еден од адвокатите тврди дека спаѓа во ризична клатегорија граѓани.

Влада предвиде низа мерки со кои поедини категории од населението се ослободуваат од работни обврски во време на вонредната состојба со пандемијата. Ова се однесува и на судењата.

На социјалните мрежи се шегуваат дека е неспорно и дека Катица Јанева е дефинитивно ризична за Владата на Оливер Спасовски и особено ризична за СДСМ и Зоран Заев, па одлагањето на Рекет е разбирливо.