Рекордни 285 илјади евра за новогодишно украсување на Скопје

54

Иако градоначaланикот на Скопје Петре Шилегов најави дека буџетот за Новогодишното украсување на Скопје ќе биде помал од ланскиот кој изнесуваше 260 илјади евра, сепак за новогодишните светилки ќе се одвои сума од околу 285 илјади евра, што е за околу 30 илјади евра повеќе.

Во Метрополата годинава на плоштадот ќе има и дигитална елка. Според градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов нема ништо незаконско во тоа што фирмата Линк Медиа Плус која како опозиција често ја критикуваа на пресовите на Бихачка , 10та година по ред е ангажирана за новогодишно украсување на Скопје.

Украсувањето е веќе започнато , за од 1 декември градот , или поточно централното градско подрачје со плоштадот треба да светне.

За новогодишната ноќ ќе биде задолжен пејачот Дино Мерлин.