Ременски нема верба во позитивен исход по нејзиното барање за изземање на Русковска од „Меѓународен сојуз“

26

Фросина Ременски, третообвинета во случајот „Меѓународен сојуз“ рече дека очекува јавниот обвинител совесно и професионално да го разгледа барањето и да ја изземе Русковска како застапник на обвинението против неа и сите во случајот, бидејќи сите досегашни постапки можат да влијаат врз целиот судски исход.

-Ако лично ме прашате јас немам голема верба во позитивното одлучување по ова мое барање затоа што Јавното обвинителство во многу случаи досега пријавени од мене во службено постапување отсуствува, односно нема исход од целокупните пријави, но сето тоа ќе зборува за другата компонента за во целиот случај кој на очглед на јавноста е прилично пропагандно претставен, а сега во кампања се користат сите елементи да се поентира со некаква правда и некакви процедури во институциите, истакна Ременски.