Ременски третпат во Обвинителство, овојпат на распит кај Русковска (ВИДЕО)

5

Потпретседателката на собранието Фросина Ременски која е осомничена во случајот Меѓународен сојуз на Боки 13 дојде на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Таа вчера по направениот увид во материјалите со кои ја сомничи обвинителството, изјави дека се видела ама не и докази.

Ременски е втора од петтемина осомничени што се повикани на распит во обвинителството.

Прва пред Русковска вчера беше Потпретседателката на Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ. Цели пет часа одговарала на прашања од обвинителката. По распитот, нејзиниот адвокат Душко Јанковиќ изјави дека Мандиќ била доведена во заблуда и не знаела дека се прават измами со проектите за старски домови.

Инаку во петок на распит се повикани Бојан Јовановски – Боки 13, неговиот татко Миле и асистентка од сојузот.

Според истрагата на Обвинителството, Јовановски во текот на 2017 и 2018 година ги измамил двајцата бизнисмени, Сиљан Мицевски и Ардијан Амзоски, од кои зел околу 1 милион евра за наводна изградба на старски домови.

Останатите осомничени му помагале на Јовановски изготвувајќи договори и подигајќи ги уплатените пари кои потоа ги уплаќале на сметки на други фирми како позајмици или донации со цел да се сокрие трагата.

Видеото погледнете го тука.