Репрезентативецот Трапановски ќе ги брани боите на Шкупи

16

Заврши есенскиот дел од сезоната, во наредниот период клубовите ќе се обидат да се освежат евентуално со нови засилувања пред следните натпревари.

Тоа веќе го направи Шкупи кој денеска го промовираше првото зимско засилување, левото крило Кристијан Трапановски.

21-годишен играч и повремен член на македонската репрезентација, претходно беше дел од генерациите од У17 до У21.

Веќе има и искуство од странство, настапувајќи во Чешка и Словачка, за Подбрезова, Викторија Жижков, Славија Прага Б и Татран Прешов.

Со Шкупи потпиша договор на една година и со можност истиот да биде продолжен.