Република Српска се закани со отцепување од БиХ

57

Пратениците во Република Српска дадоа краен рок од 60 дена за реформана Уставниот суд на Босна и Херцеговина во спротивно заканувајќи се со отцепување. Овој потег на пратениците на српскиот ентитет следува по одбивањето од судот да ја потврди нивната претходна пратеничка одлука, земјоделското земјиште во Република Српска да биде нивна сопственост, а не на Босна и Херцеговина.

За време на вчерашната вонредна седница 72 пратеници гласаа „за“, а двајца против суспендирање на работата на сите претставници на Република Српска во босанските институции се додека федералниот парламент не ги прекине мандатите на тројцата меѓународни судии во Уставниот суд.

Обраќајќи се во парламентот во Бања Лука, Милорад Додик, српскиот претставник во босанското мултиетничко претседателство, на англиски јазик рече: „збогум БиХ, добредојде РС-егзит. Ќе се видиме за 60 дена“.

Тој најави референдум за статусот на српскиот ентинет во Босна и Херцеговина, наведувајќи дека босанските Срби имаат право да одлучат за својата иднина.

Високиот претставник на Европската унија во Босна и Херцеговина Валентин Инцко изјави дека верува оти нема да дојде до референдум, но ако тоа се случи тој нема да има законска валидност.