Речиси 75 отсто Албанци сакаат обединување на Албанија со Косово

13

Албанците во Албанија се за 10 отсто повеќе заинтересирани за национално обединување со косовските Албанци, покжува истражување спроведено во Тирана и Приштина.

Истражувањето, спроведено од Косовската фондација за отворено општество (КФОС) и Фондацијата за отворено општество за Албанија (ОСФА) покажало дека 74,8 отсто анкетирани во Албанија се за национално обединување со косовските Албанци, додека таквата можност е прифатлива за нешто помалку од 64 отсто граѓани на Косово.

Истражувањето се бави со низа прашања кои ги интересираат, како што се наведува, „двете земји“, но вниманието било фокусирано на прашањето кое постојано се поставува, односно можноста за обединување на сите Албанци во една држава.

Анкетата покажуѕва дека меѓусебните посети на граѓаните од двете страни на границата значително пораснале, особено по изградбата на автопатот Приштина-Драч, и покажува дека Косовците повеќе ја посетуваат Албанија.

На прашањето како ќе гласаат доколку се одржи референдум за обединување 74,8 отсто од анкетираните во Албанија одговориле позитивно, додека во Косово за таа опција би се изјасниле 63,9 отсто.

Против националното единство особено се изразуваат во урбаните средини, и во Албанија и на Косово. Причините против обединувањето се различни, но преовладува уверувањето дека е подобро да бидат одвоени.

Истовремено во Албанија оние кои сметаат дека обединувањето е возможно, оценуваат дека клучен фактор во неговото спроведување ќе биде меѓународната заедница, додека на Косово се уверени дека таквото сценарио можат да го спроведат само лидерите во Тирана и Приштина.