Рио му предложи две засилувања на Солскјер за перфектен Јунајтед

10

Рио Фердинанд е задоволен од пристигнувањето на Рафаел Варан и Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед, но смета дека на екипата и се потребни уште барем две засилувања.

Поранешниот дефанзивец има свој предлог за двајца фудбалери, кои според него би значеле перфектен Јунајтед за новата сезона.

– Мислам дека ако вистинските фудбалери станат достапни по коректна цена, Солскјер ќе ги ангажира.

– За мене Саул би бил одлично засилување, ако претходно неговата цена беше 160 милиони фунти, сега може да се купи за 40-50 милиони фунти.

– Јас сум негов голем фан, а посебно е важно искуството кое го има од Лигата на шампионите.

– Исто така Деклан Рајс би бил големо засилување за оваа екипа, беше брилијантен во англискиот дрес на ЕП. Ако Вест Хем успее да го задржи, тоа ќе биде голема работа и за нив, – изјавил Фердинанд.