Рици: Организираниот криминал просперира токму преку корупцијата

2

 

Корупцијата е еден од главните глобални предизвици денес и таа ги ослабува државните капацитети кои обезбедуваат услуги за граѓаните, ја поткопува социјалната безбедност и стабилност, ги дестабилизира бизнисите и здравата конкуренција и автоматски ја уништува довербата во јавните институции и Владата, истакна претставникот на Регионалната канцеларија за Југоисточна Европа на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (УНОДЦ), Данило Рици.

– Организираниот криминал се проширува и просперира токму преку корупцијата, додаде Рици во обраќањето на денешната Регионална конференција за борба против корупцијата во Скопје.

Тој истакна дека Патоказот за борба против корупцијата и нелегалното финансирање на Западниот Балкан ја претставува највисоката заеднички регионална цел.

Според него, Патоказот има за цел да постигне ефикасни и ефективни политики и институциите да се борат против корупцијата.

– Во јавниот сектор ги зајакнува системот и превенцијата од конфликт на интереси и ја зголемува регионалната соработка во прекугранични истражувања за корупција, рече тој.

Рици посочи дека ќе продолжат со поддршка на правните системи на земјите од Западниот Балкан во постигнување на нивните цели.