РКЕ доби позитивни оценки во Годинешниот извештај за имплементација

12

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија е оценета со 78% и е на 1-то место од 9-те регулаторни тела на земјите-договорни страни на Договорот за основање на Енергетската заедница.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија докажа способност и посветеност да изработи високо квалитетни регулаторни правила во временска рамка дефинирана со Законот за енергетика, се нотира во „Годишниот извештај за имплементација 2018/2019 година“, објавен од Секретаријатот на Енергетската заедница на 18 ноември 2019 година.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија е оценета со 78% и е на 1-то место од 9-те регулаторни тела на земјите-договорни страни на Договорот за основање на Енергетската заедница.

Истовремено, овој извештај нотира дека Република Северна Македонија е „шампион во реформите во сите енергетски сектори“. Вкупниот просек на спроведувањето на реформите е 59%, што ја рангира Република Северна Македонија на 2-то место од 9-те земји кои се споредуваат, односно годишниот пораст на Република Северна Македонија е 10%.

Прочитајте и… Ѓуриќ: Курти од ден во ден потврдува колкава опасност претставува за стабилноста на регионот и Европа
„Годишниот извештај за имплементација“ изработен од Секретаријатот на Енергетската заедница, го прикажува напредокот при спроведувањето и имплементацијата на европското законодавство на земјите-договорни страни на Договорот за основање на Енергетската заедница.

Во изминатите 17 месеци Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија успешно го имплементираше Законот за енергетика и Третиот енергетски пакет на Европската унија, преку донесување и одобрување на 33 подзаконски акти, што беше голем предизвик имајќи ги во предвид кратките рокови и сложеноста на прашањата со кои се регулира енергетскиот сектор.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија успешно ги спроведе: сертификацикацијата на операторот на електропреносниот систем; правното, функционалното и оперативно раздвојување на операторот на електродистрибутивниот систем; работењето на универзалниот снабдувач со електрична енергија; либерализацијата на пазарите на енергија; намалувањето на цените и тарифите на енергијата и услугите кои ги користат потрошувачите.