Роднина на патник: Знаат да се јавуваат кога треба да организираат, а сега кога е најтрагично нема никој

8

Роднина на патник кој патувал преку Беса Транс реагира дека немаат никакви информации од одговорните лица во агенцијата, за несреќата дознале од Фејсбук.

– Информацијата на интернет ја видовме утринава во 6 часот. Бидејќи мојот братучед беше во Турција почнавме да се јавуваме на телефон во Беса Транс. Веќе 3-4 саати вртиме, но од таму ни велат дека немаат никаква информација. Како што знаат да се јавуваат кога организираат да прошетаат луѓе, сега кога е најтрагично треба да бидат поактивни. Ги замолувам институциите кои што имаат некаква информација да им кажат на луѓето. Јас не знам како тие немаат никаква информација, дури не знаат ни колку луѓе се повредени и кои се тие што се повредени, кажа роднина на патник.