Роналдињо: Не можам да кажам дека Меси е најдобар во историјата

11

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо смета дека Лионел Меси не е најдобар фудбалер во историјата. Роналдињо кој своевремено играше заедно со Меси во Барселона, смета дека има уште многу одлични фудбалери кои ја одбележале историјата.

„Мило ми е што Меси ја освои шестата „Златна топка“ бидејќи ми е добар пријател. Не сакам споредби, бидејќи тешко е да се каже кој е најдобар во историјата. Тука се Марадона, Пеле, Роналдо… Не можам да кажам дека е најдобар на сите времиња, но дефинитивно е најдобар во својата генерација“, изјави Роналдињо.

Меси засега има шест освоени „Златни топки“, а неговиот голем ривал Кристијано Роналдо една помалку.