Роналдињо плати кауција од 1,6 милиони и по 32 дена излезе од затвор!

Адвокатот на Роналдињо плати кауција во висина од 1,6 милиони евра за клиентот и неговиот брат излезат од затворот во Асунсион, Парагвај.

24

Изминатите 32 дена Бразилците беа зад решетки поради користење лажни документи при влез во земјата. Тие се обвинети и за сомнеж за перење на пари, откако биле поканети да бидат дел од хуманитарен меч со деца од страна на еден сопственик на казино.

Поранешниот фудбалски ас требаше да се брани од затворот, но на крај обвинителството ја прифати кауцијата и го смести во хотел во центарот на градот. Тој ќе биде по надзор 24 часа на ден, со цел да се спречи негово враќање во родниот Бразил.

Бразилското дуо беше уапсено на шести март, не знаејќи дека направиле криминално дело. Во затворот двајцата беа прифатени одлично, со оглед на популарноста на Роналдињо кај фудбалските фанови ширум светот.

Фотографиите и видеата кои се појавија во јавноста покажаа дека Бразилецот постојано беше во одлично расположение, иако сведочењата на затворениците велат дека тој се мачел и имал проблеми да ја прифати својата судбина.

Ова не се први проблеми за Роналдињо со законот. Во својата земја беше осуден поради илегална градба на земјиште. Казната која ја добија изнесува 7,5 милиони евра, која се уште не е платена, а поради истата нивните пасоши се во рацете на бразилското судство.

Во своите најдобри денови како фудбалер, бразилскиот интернационалец освои „Златна топка“, титулата во Лигата на шампионите и стана светски првак со Бразил во 2002 година.