Роналдо двоен стрелец, Меси и Маркињос погодија по еднаш во ефикасното прво полувреме на дуелот ПСЖ – Ѕвездите на Ал-Наср и Ал-Хилал

16

Четири гола се постигнати на ревијалниот натпревар во Ријад (Саудиска Арабија) меѓу Ол стар тимот составен од фудбалери на Ал-Наср и Ал-Хилал против Пари Сен-Жермен.

За парижаните игра Лионел Меси, а Кристијано Роналдо е капитен на тимот на ѕвездите на Ал-Наср и Ал-Хилал.

По првото полувреме е 2:2. Двоен стрелец за домаќините беше Роналдо, додека за парижаните погодија Меси и Маркињос.

ПСЖ мечот го почна со следниот состав: Навас, Хакими, Маркињос, Рамос, Бернат, Руиз, Солер, Санчес, Нејмар, Меси, Мбапе.

За Ѕвездите на Ал-Наср и Ал-Хилал играат: Ал-Овејс, Џанг Хенг-су, Ал-Булаики, Ал-Ганам, Абделхамид, Густаво, Кано, Кариљо, Матеус Переира, Талиска, Роналдо.