Роналдо: Мбапе е сегашност и иднина на фудбалот!

4

Кристијано Роналдо се согласи да партиципира во реклама на „Најк“ во која ќе ги потенцира квалитетитена Килијан Мбапе, кој претставува светла иднина на светскиот фудбал.

„Мбапе е сегашност и иднина. Фантастичен играч кој е неверојатно брз. Да, дефинитивно иднина на фудбалот“ – вели Роналдо во рекламата, опишувајќи го Мбапе.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Роналдо се одлучил на овој начин да возврати на недомнешната изјава на Мбапе кој лично призна дека поради Португалецот почнал да игра фудбал.