Роналдо: На крајот од сезоната овој бод може да се покаже како многу важен

25

Јувентус избегна пораз на гостувањето кај Рома, Кристијано Роналдо ги постигна двата гола за „Старата Дама“ и по ремито призна дека натпреварот бил далеку од вообичаен.

„Овој бод го заслуживме. Ова беше комплицирана ситуација, се вративме во игра и покрај црвениот картон. На крајот од сезоната овој бод може да се покаже како многу важен. Ова е само старт на сезоната, со нов тренер со нови идеи, но тимот функционира добро, ентузијаст сум и гледам светла иднина за нас.“ – изјави Роналдо.

Португалецот потври дека во соблекувалната работите се одвиваат според планот и дека сите се среќни и работат со насмевка на лицата.