Роналдо полн со пофалби за Зидан: Не знам дали е подобар како играч или како тренер

14

Славниот бразилски напаѓач, Роналдо, го избра својот најдобар соиграч во богатата кариера.

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња во Барселона, Интер, Реал и Милан играше со великани на светскиот фудбал, но сепак најдобар впечаток му оставил Зинедин Зидан.

Роналдо го прогласи легендарниот Французин за најдобриот играч со кој играл.

„Зизу е најдобриот фудбалер со кој сум тренирал и играл, а сега е и тренер со освоени три ЛШ во низа. Некогаш се прашувам дали Зидан е подобар како играч или како тренер. Одговор нема“, изјави Роналдо.

Роналдо и Зидан играа заедни во Реал во периодот од 2002 до 2006 година. Беа дел од славните „Галактикоси“ и ја освоија шампионската титула во Шпанија во 2003, но заедно не успеаја да освојат титула во ЛШ.

Роналдо откри и кои играчи го инспирирале како дете:

„Марко ван Бастен. Од мал гледав италијански фудбал и особено обрнував внимание на него. Исто така, Марадона и Кројф ми се инспирација, како и Зико. Тој играше во Фламенго, а јас сум навивач на тој тим. Од сите нив се обидов да земам нешто и можам да кажам дека сум горд на кариерата која ја имав“.

Бразилската легенда низ големата кариера одигра 616 меча и постигна 414 голови. За жал, двете тешки повреди на коленото во дресот на Интер го оневозможија да стане можеби и најдобриот на сите времиња.