Роналдо со кратка порака откако го одигра најлошиот меч во дресот на Јувентус

11

За првпат во последните 36 години, Јувентус има шест нерешени во првите 12 меча.

По четирите погодени пенали на претходните два меча против Барселона и Џенова, Кристијано Роналдо синоќа промаши удар од белата точка и поради тоа Јувентус не победи во дербито против Аталанта. Старата дама на свој терен одигра само 1:1, а Роналдо немаше свој ден. Ова е трета сезона по ред Јувентус да не може да победи против Аталанта во Торино.

Според извештаите од Италија, Роналдо го одигра најлошиот меч во дресот на Јувентус. На крајот, Португалецот доби скромна оценка 4,5. Никогаш претходно немал толку ниска оценка за настап во италијанскиот гигант. По мечот, Роналдо кратко искоментира дека очекувале победа.

„Не е резултатот кој го посакувавме, но сега е време да се одмориме и да се фокусираме за следниот меч“, рече Роналдо.

Во одбрана на својот најдобар играч застана и тренерот на Јувентус, Антонио Конте.

„Настапот на Кристијано? Ако го погодеше пеналот веројатно сега сите ќе коментиравте поинаку. На секого му се случува да промаши пенал“, рече Пирло.

За Јувентус ова беше шесто реми само во 12 натпревари, нешто што последен пат им се случило во далечната 1985/86. Таа сезона кога Јувентус имал шест нерешени во првите 12 средби, на крајот завршил на шестото место во Серија А.

Јувентус моментно е на третото место со 24 бода, само четири помалку од лидерот Милан. Следниот меч Старата дама ќе го игра на гости кај Парма.