Роналдо станува прескап за Јувентус

7

Се погласни се шпекулациите дека ова лето Кристијано Роналдо би можел да го напушти тимот на Јувентус.

Пандемијата со корона вирус стопираше се, па јасно е дека и финансиските загуби на клубовите ќе бидат големи.

Се наметнува прашањето дали ќе можат да ги платат скапите ѕвезди како и претходно, па италијанки „Ил Месаџеро“ пренесува дека Португалецот нема да остане во редовите на „старата дама“.

Како што е познато Роналдо во Торино заработува 20 милиони евра нето по сезона, а со соиграчите се согласи да му се одбијат четири месечни плати, но прашање е дали и тоа ќе биде единствена мерка.

Роналдо договор со Јувентус има до 2022 година, но своја шанса сега чекаат бројни екипи, пред се ПСЖ и Манчестер Јунајтед.