Роџер Федерер се предомисли, нема да учествува на Австралија Опен

14

Еден од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт, Роџер Федерер нема да настапи на првиот Грен слем турнир во 2021 година.

Агентот на Швајцарецот потврди дека Федерер нема да биде дел од Австралија Опен. Поместувањето на стартот на турнирот се чинеше како добра вест и шанса за Федекс да се подготви за настап но тоа нема да се случи.

Ферер се уште не е во доволно добра форма по повредат на коленото и не сака да ризикува на почетокот од новата година.

Според агентот на Федерер, Тони Фодсик наскоро ќе биде позната програмата и распоредот на турнири на кои поранешниот светски број еден ќе учествува во 2021 година.