РСБСП: Не управувајте возило под дејство на алкохол за време на новогодишните празници

2

 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни за време на новогодишните празници, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот и да не управуваат возило под дејство на алкохол.

– Возењето под дејство на алкохол е опасно и може да предизвика материјална штета, но и повреди и загуба на човечки животи. Не дозволувајте непромислена грешка во сообраќајот да го наруши вашето и спокојството на другите. Уживајте во празничното расположение, прославувајте одговорно и возете безбедно, истакнуваат од РСБСП.