Русинките ја средија и Шпанија, со максимален скор одат во полуфинале

15

Репрезентацијата на Русика славеше над Шпанија со десет голови разлика и во голем стил ја заврши и втората фаза од Мундијалот во Јапонија.

Сѐ што направи Шпанија беше почетно водство од 2:0 кое потоа се претвори и во плус 6 за Русија, а на полувреме се замина со плус 4, односно 12:16.

Во вториот дел Русинките продолжија да ја полнат мрежата на немоќната Шпанија која на крајот доживеа катастрофа губејќи со десет разлика.

Јарослава Фролова беше најефикасна на натпреварот постигнувајќи 9 голови, а кај Русија дури 14 различни ракометарки се запишаа во листата на стрелци вклучително и голманките Ана Седојкина и Анастасија Лагина која пак успеа да дојде до два гола.

Откако во првата фаза Русија забележа 5 од 5, остана перфектна и по втората групна фаза запишувајќи три победи од три натпревари.

Во полуфиналето во петок Русинките ќе се борат за пласман во големото финале против второпласираната репрезентација од другата група.