Русите ја уништија лабораторијата во Чернобил

12

Руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил, ја ограбиле и уништиле лабораторијата на тоа место, тврдат украинските власти.

Државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување соопшти дека Русите ја уништиле Централната аналитичка лабораторија, која преработувала голем дел од радиоактивниот отпад, пренесува Би-би-си.

Агенцијата на Фејсбук објави дека лабораторијата има високо активни примероци и примероци од радионуклиди, кои сега, како што наведе, се „во рацете на непријателот”.

„Во лабораторијата, чија изградба чинеше околу шест милиони евра, имаше и вредна аналитичка опрема, што ја нема никаде на друго место во Европа”, соопшти агенцијата.