Русија забележа 9.859 нови инфекции, најмногу од 15 мај

6

Русија во изминатите 24 часа забележа 9.859 нови случаи на корона вирус, што е најголем број на дневни инфекции од 15 мај, кога епидемијата беше на својот врв.

Кризниот центар за корона вирус соопшти дека биле потврдени 174 смртни случаи во последните 24 часа, со што официјалниот национален биланс стигна до 21.251 починати лица.